Над 50 културни настани на 37. издание на „Скопско лето“

На 21 јуни, Светскиот ден на музиката ќе биде отворена 37. манифестација „Скопско лето“.

Манифестацијата ќе биде отворена со изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески во галеријата Чифте амам и со гала оперски концерт на платото пред Македонската опера и балет

До крајот на јули во 41 ден ќе има повеќе од 50 програмски термини. Најмногу застапена ќе биде музиката со над 20 концерти на класична, народна и џез-музика. Ќе има десетина претстави, од кои три премиерни (на Драмски театар, Албански театар и Театарот за деца и младинци), како и десетина атрактивни изложби во ликовната програма, од кои поголем број се организираат во соработка со Друштвото на ликовна уметност на Македонија (ДЛУМ).

Дел од „Скопско лето“ и годинава ќе биде програмата Кафе-кино, која ќе се одржува од 2 до 11 јули во Сули ан. Ќе има и ревија на најдобри филмови од фестивалот на анимиран филм „Анимакс“.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје.