Над 3 илјади академски истражувачи и вработени во „Гугл“ го осудија отказот на научничката Тимнит Гебру

Над 1,500 истражувачи потпишаа писмо откако афроамериканската експертка за етика изјави дека „Гугл“ се обидел да го спречи нејзиното истражување за етнички разлики.

Над 1,200 вработени во „Гугл“ и над 1500 академски истражувачи упатија протестна нота откако признаената научничка која ја набљудува етиката кај вештачката интелегенција истакна дека била отпуштена од „Гугл“ откако посочила дека компанијата не се труди да ги израмно расните разлики.

Тимнит Гебру, која работела како ко-предводник на Одделот за етика во вештачка интелигенција во „Гугл“, во средата на „Твитер“ објавила дека е отпуштена откако пратила мејл до внатрешна група на жени и вработени во одделот.

Мејлот, кој првично бил објавен во медиумот за технологија „Платформер“, референцирал на несогласување околу истражувачка студија, но генерално бил критичен кон програмите за етничка разновидност кај системите за вештачка интелигенција“. Во мејлот, Гебру истакнала дека „Гугл“ не се стреми да ја реши оваа проблематика, ниту има желба за промена.

„Животот станува полош кога започнуваш да го шириш гласот на занемарените лица, бидејќи лидерите се вознемируваат. Не верувам дека поголема документација и разговори ќе ги сменат нештата“, изјавила таа.

Гебру е една од најпознатите и најпочитувате афроамерикански научнички кои работат со вештачка интелигенција. Пред да се вработи во „Гугл“, Гебру била ко-авторка на една од најцитираните студии за грешки при детектирање на лицата кај жени со потемна кожа. Исто така, таа е ко-основач за непрофитната организација „Афроамериканци во вештачка интелигенција“ која се обидува да ја зголеми видливоста на обоените луѓе во сферата.

Несогласувањата околу истражувањето на Гебру започнале откако поискусен менаџер во „Гугл кажал дека таа ќе мора да да го повлече истражувањето, или да го избрише нејзиното име од студијата. Студијата, изработена од истражувачи од „Гугл“ и надворешни соработници, покажувала дека технолошките компании можат да направат повеќе за да ги осигураат системите за вештачка интелигенција кои се употребуваат за копирање на човечкиот говор и пишување. Ваквите системи не се осврнуваат на родовите разлики и употребата на навредлив говор.

„Се чувствувам како да сме цензорирани. Мислев дека ова ќе има влијание за сите истражувања за етничките заедници во технологијата. Не може да постојат студии кои ќе ги прават компаниите среќни цело време, без да се посочуваат проблемите. Не етички да се биде таков истражувач“, изјавила Гебру.

Таа се обидела да преговара со „Гугл“, нудејќи да го избрише нејзиното име од студијата во замена за темелно објаснување на приговорите на компанијата, како и отворање на дискусија за подобар процес кон решавање на овие проблеми во иднина. Компанијата одбила, по што испратила мејл до вработените дека го прифаќа нејзиниот отказ. Гебру набрзо била отстранета од мејловите на компанијата.

Неочекуваниот развој на настаните го шокирал „Гугл“ и пошироката заедница. Над 1,200 вработени во „Гугл“ и над 1,500 академски поддржувачи потпишале протестно писмо.

Од „Гугл“ одбиле да коментираат за случајот.

Извор: Guardian