Над 250.000 граѓани во Романија протестираа против корумпирани политичари

Околу 150.000 романци во Букурешт, а вкупно 250.000 граѓани низ цела Романија протестираа против уредбата за декриминализација на бројни прекршоци.

Одлуката на романската Влада да амнестира функционери за корупција создаде вулкан од незадоволство, а лавата се прелеа по улиците и плоштадите. Регистрирани се најголеми протести од падот на комунизмот од 1989 година.

При протестите дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што најмалку петмина се повредени и 60 приведени.

Фановите на тимовите „Рапид“ и „Динамо“ се приклучија кон демонстрантите и фрлале факели, камења и шишиња по полицајците, а униформираните лица користела солзавец. Според романските медиуми двете навивачки групи  се приклучиле на протестот по завршувањето ракометен натпревар.

Романската опозиција бара гласање недоверба на владата поради контроверзниот декрет за амнестија. Иако со  моќни несогласувања и големи протести  протести, сепак, владата доцна синоќа сепак ја одобрија промените во кривичната постапка.

Романскиот министер за трговија Флорин Жијан денеска поднесе оставка. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека ваквиот потег е од морални причини, односно заради своите деца.

За целата ситуација во Романија реагираа шест западни земји. Изразија длабока загриженост од одлуката на романската влада и предупредија дека тоа може да ги  поткопа успесите на Букурешт во борбата против корупцијата. Во заедничката изјава амбасадите на САД, Канада, Германија, Франција, Белгија и Холандија се вели дека одлуката на Владата „може само да му  наштети на угледот на Романија меѓу меѓународната заедница и ризикуваат да влијае  на нивното партнерство кои е засновано на заеднички вредности, а со тоа се нарушува и водечките принципи на ЕУ и НАТО“.