Над 10 илјади луѓе загинале во терористички напади низ Европа во последните 45 години

Тероризмот низ Европа е причина за смрт на 10 537 луѓе во 18 803 пријавени напади, во периодот од јануари 1970 до декември 2015 година, со исклучок на оние кои се сметаат како воени тактики во воените зони. Овие податоци доаѓаат од базата на Универзитетот во Мериленд за глобалниот тероризам.

Базата на податоци содржи повеќе од 150 000 странски и домашни инциденти предизвикани од тероризмот во светот.

Нападите во 2014 и 2015 година имале најголем број на смртни случаи, каде терористи напаѓале цивили, владини претставници, бизниси и медиуми.

Од 1970 до 2015: 4724 луѓе починале од бомбашки напади, 2 588 од атентати, 2 365 од напади, 548 при заложничка ситуација, 159 од киднапирања, 114 од напади во згради, а илјадници се повредени или исчезнати.

Според базата на податоци, Русија, Велика Британија, Украина, Шпанија и Франција се меѓу земјите со најголем број на смртни случаи од тероризам.

Целата анализа на Вашингтон Пост е достапна на следниот линк.