Националниот младински совет избра ново раководство

На последното собрание на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) кое се одржа од 26 до 28 јуни, присутните делегати го избраа својот нов Претседател, Управен и Надзорен одбор и дискутираа за програмата за работа, позициите на Советот и поднесената апликација за членство на Советот и Македонија во Европскиот младински форум, информираат од НМСМ.

Делегатите на присутните организации за свој нов претседател го избраа Дамјан Николовски од AEGEE, а Јане Плавевски од Сојуз на извидници на Македонија за Потпретседател на НМСМ. Останатите членови на Управниот одбор се: Иван Јованов (Младите можат), Симона Сарделиќ (МОДОМ), Сибел Бајрам (Сумнал), Арлинда Илјази (Мултикултура) и Александра Живковиќ (Младински образовен форум).

Досега, оваа улога ја вршеа: Ивана Давидовска (Центар за меѓукултурен дијалог) како претседател, Дона Костуранова – (Младински образовен форум) како потпретседател заедно со членовите: Иван Јованов (Младите можат), Антонио Јовановски (Гоѕ Грин), Горан Ѓорѓиев (Сојуз на извидници), Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата – Кичево и Даниел Калаџиески (Х.Е.Р.А.).

Националниот младински совет избра ново раководство

За прв пат Собранието на Советот избра свој Надзорен одбор, во состав: Весна Илиевска (Cre8ive8), Дона Џамбаска (Фонданција Метаморфозис), Ивана Давидовска (Центар за меѓукултурен дијалог), Мартина Блажеска (Обединета младина за Македонија) и Соња Николовска (ЛиДеМ).

„Една од најзначајните работи за диверзитетот и инклузивноста во НМСМ е што Советот се прошири со три нови организации членки (КХАМ – Делчево, Романо Авази и Центар за младински активизам КРИК). Со тоа, НМСМ сега го сочинуваат вкупно 60 младински организации, организации за млади, политички подмладоци и сојузи, што го прави еден од најголемите сојузи во земјата и најголемата младинска чадор организација“, велат од НМСМ:

На Собранието е усвоен и нов годишен план за работа на Советот, се дискусираше за градење на позиции и предлози за унапредување на позицијата на младите во поглед на младинската информираност, образованието и вработувањето, информираат оттаму. Делегатите дискутирале и за пристапот кон активната кандидатура за пристапување на НМСМ во претставничката организација за млади на ниво на Европа – Европскиот младински форум.