Националната галеријa ги повикува децата да споделуваат цртежи на тема „Нашите херои“

Националната галерија ги повика семејствата и децата да направат и споделат уметност заснована на темата „Нашите херои“.

„Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата“, стои во известувањето.

Тоа може да го направат преку цртеж, краток опис за нивните уметнички дела (максимум 150 зборови), или кратко видео од детската изјавата снимена со телефон. Повикани се да учествуваат сите креативци од претшколска и школска возраст.

Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на нашата маил адреса: marketing.ngm@gmail.com или истите да ги објават на социјалните мрежи Facebook  и/или Instagram, со тагнување на Националната галерија, користејќи го хаштагот #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery.

Испратените слики од уметничките дела ќе бидат објавени на нивните социјални мрежи (Facebook и Instagram).