Националната арена во Скопје ќе се вика „Тоше Проески“

Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница. Веста на Твитер ја потврди портпаролот Миле Бошњаковски.

„На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, напиша Бошњаковски.

 

Градски стадион, беше преименуван во Национална арена „Филип Втори“, во 2009 година.