Национален поетски слем натпревар во Прилеп

Во Прилеп (11 октомври) од 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи нов национален поетски слем натпревар.

„Учесничките и учесниците ќе се натпреваруваат за титулата Победник/победничка за 2019 година. Победникот/победничката ќе биде претставник/претставничка за Македонија на Европското слем првенство“, соопшти домаќинот на натпреварот Poetry SLAM Macedonia.

Меѓу натпреварувачите се: Бобан Богатиновски, Габриела Стојаноска-Станоеска, Димитри Соле Љубин, Драгица Здравеска, Ѓоко Здравески, Елена Пренџова, Жаклина Филипова-Свеќаровска, Игор Трпче, Исидор Јованоски, Исток Улчар, Јулијана Маринковиќ, Константин Карев, Кристина Ставревска, Перо Сарџоски, Марина Икономова Шокева, Ненад Јолдески, Розе Милкова, Снежана Паноска, Тихомир Јанчовски, Хемфри Димовски и Цветанка Колева.