[Видео] #НаЧас: Неформалното образование како билет до вработување?

Јазот створен помеѓу формалното образование и потребите на пазарот предизвика илјада магистри и доктори на науки во Македонија секој месец да се регистрираат како невработени. Во меѓувреме огромен број граѓани се наоѓаат на работни места кои немаат никаква врска со професијата за која добиле диплома. Колку неформалното образование, обуките или преквалификациите се начин за влијание на овој проблем и намалување на невработеноста во државата?

На овие теми, утре од 13 часот, разговараме во емисијата #НаЧас со дизајнерот Горан Костовски – Индог, Фари Хисени предавач од Младинскиот образовен форум, Анче Јованоска од Семос Едукација и Менка Гугулевска од Агенцијата за вработување.

Дискусиите „На час“ – за подобро образование се емитуваат секој четврток, во 13 часот, со аудио пренос на Радио МОФ и видео пренос на нашата Фејсбук страница. За сите прашања, коментари и забелешки на Твитер активен е и хаштагот #НаЧас.
Периодот кој следи наговестува дека ќе се случуваат многу значајни промени во образованието, а со цел да се добие видливост и отвори дебата на предложените политики го започнуваме овој тематски серијал посветен на образованието.

Радио МОФ е младински медиум кој ги има како главен фокус: студентските и средношколските права, студентскиот стандард и создавањето на политики во образованието. Токму затоа, опширното, сликовито и сеопфатно информирање на јавноста за теми поврзани со образованието и животот на учениците и студентите го сметаме за еден од приоритетите.

Серијалот „На час“ е финансиран и се спроведува во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.