На Женскиот марш во Вашингтон се очекува 200 000 посетители да протестираат против Трамп

Најважниот настан за Доналд Трамп откако беше прогласен за претседател е неговата инаугурација, но таа може да биде целосно засенета поради традиционалниот Женски марш, на кој се очекува да учествуваат 200 000 луѓе.

Голем број на луѓе се пријавиле за да резервираат паркинг место и да закажат превоз со автобус. Досега биле резервирани 1200 автобуси за маршот на 20 јануари, кој ќе се одржи ден по инаугурацијата.

Според Фејсбук настанот, 183 000 луѓе кажале дека ќе присуствуваат на маршот. Организаторите велат дека бројот на демонстранти би можел да го надмине оној на луѓето што ќе присуствуваат на инаугурацијата.

„Ние се обединуваме во различноста за да го покажеме нашето присуство во бројки, преголеми за да се игнорираат“, изјавија организаторите.

„Женскиот марш во Вашингтон ќе испрати силна порака до нашата нова администрација на нивниот прв ден на работа, и на светот дека женските права за човекови права“.

Речиси 30 протестни групи добија дозвола да присуствуваат на Денот на инаугурацијата, четири пати повеќе од претходните.

Организаторите објавија дека Советот за одбрана на природните ресурси се потпишал како партнер на маршот бидејќи жените, заедниците со ниски приходи и други раси често го носат најтешкиот товар од климатските промени и индустриското загадување.