На Закинтос, еден од најпопуларните грчки острови во Јонсокото море, му се одземени сите сини знамиња.
Локалните медиуми јавија дека Хеленското друштво за заштита на природата и Одборот за туризам ги отстраниле сите сини знамиња од островот Закинтос по жалбите дека плажите на кои им се доделени овие признанија не ги исполнуваат критериумите.
Сино знаме за плажи и марини е меѓународен еколошки стандард за квалитет на заштита на животната средина на морето и брегот. Сини знамиња се доделуваат секоја година на плажи и марини кои ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди според 33 критериуми.
Другите фактори кои се додадени на одлуката за повлекување на овие признанија се присуството на смет на улиците на кој многу туристи се пожалиле, како и отсуство на спасувачи на плажите со сино знаме.