На ученик во Хемиско му паднал дел од таванот врз глава

Додека седел на час, дел од плафонот се одронил врз главата на младиот Мартин, ученик во четврта година во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“, објави порталот Плусинфо.

На ученик во Хемиско му паднал дел од таванот врз глава

Опасната ситуација се случила во петокот, на третиот час, кога одненадеж дел од таванот во училницата попуштил и едно парче завршило врз главата на ученикот.

Соучениците се вознемириле и притрчале да му помогнат на другарчето. Момчето не било пренесено во болница, а наставниците го пуштиле да си оди дома. Во знак на револт, денеска учениците најавија протест пред училишната зграда во 13.15 часот.

Настанот за порталот го потврдил и директорот на училиштето, Павле Павлов.

Извор: Плусинфо