„На Точак“ и „Педала“ ги повикуваат за соработка сите што имаат визија Скопје да биде поинаков, похуман и позелен град

„На Точак“ и „Педала“ ги повикуваат за соработка сите што имаат визија Скопје да биде поинаков, похуман и позелен град, со широкораспространета велосипедска мрежа, со смирен автомобилски сообраќај, со широки и слободни пешачки патеки, со зеленило кое ќе ни прави сенка, со широки велосипедски патеки по кои комотно ќе може барем двајца да возат паралелно во друштво.

„Ако имате визија да се намали загадувањето и да го намалиме ефектот на климатските промени преку промени во инфраструктурата и културата. Ако сакате да истражувате, да пишувате, да се занимавате со политики (закони, планови, проекти, буџети) или па сте луѓе од акција и би извозиле да иссликате некоја локација или да направите урбана акција за да посочите на некој проблем. Ако сакате да учествувате во велосипедски DIY работилници. Ако се пронаоѓате во организација на настани или во дизајн. Или нешто шесто вело-…, пријавете се на повикот. Добредојдени се луѓе од секаква позадина и афинитети. Битно ни е да возат точак и да имаат пасија да се трансформира градот, државата, а со тоа и светот со помош на педали
Имаме пар заеднички идеи со Велосипедскиот центар Педала, а сакаме да ги чуеме и вашите“, порачуваат „НаТочак“.

Сите што сакаат да бидат дел од креирањето на новата визија за Скопје, може да се пријават на ФБ постот на „Педала“.

Бараме #доброволциСо цел спроведување активности од областа на промоцијата и развојот на велосипедизмот, бараме нови…

Posted by Педала on Tuesday, 15 September 2020