На СФФ работилница за анимиран филм со познатиот Берин Тузлиќ

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал, утре, 27 април, ќе се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.

Работилницата се состои од три сегменти: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен edutainment и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор.

Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај останатите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други.

Автор е на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.

Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е и на НВО Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини. Коспоственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји.

Работилницта ќе се одржи во Кинотека на Македонија од 12 часот.