На романскиот брег на Црно Море починале 119 делфини

Романската група за заштита на животната средина „Маре нострум“ соопшти дека 119 делфини годинава загинале долж романскиот брег на Црно Море, како последица на вплеткување во рибарските мрежи, пренесува „Мета“.

Невладината организација се наведува дека ова е најлошата година по 2012 година, кога 177 делфини починаа како последица на рибарските мрежи. Еден од трите видови делфини во Црно Море се смета за згрозен.

Активистите на „Маре нострум“ ги повикаа граѓаните да „посвојат делфини“. Групата соопшти дека ги алармирала властите дека и понатаму се користат забранети техники на риболов, кои доведуваат и до смрт на делфините.

Во Романија е забрането да се убиваат делфини, особено зашто во водите на Црно Море живеат само неколку илјади од овие цицачи, чиј број пред 50 години бил 300.000.