На полноќ започнува забраната за емитување македонска музика

Почнувајќи од полноќ на 20.09, Здружението за заштита на авторските и музичките права (ЗАМП) воведува забрана за јавно емитување на музика од автори кои се нивни членови.

Во одлуката објавена на веб страницата, ЗАМП наведува дека причина за забраната е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз нивното работење и создавањето на можност да се формира паралелно здружение за истите права, како СОКОМ МАП.

Тие втор пат за шест месеци носат одлука за забрана на емитување на авторски музички дела, поради фактот што надлежните државни органи посегнале по загарантираните уставни права на авторите во Македонија.

„Авторите по втор пат реагираат заради сериозното обезвреднување на нивниот авторски труд, што се гледа во непочитување на авторските права загарантирани со Уставот и меѓународните конвенции, посебно во непочитување на важечкиот ЗАПСП, кој каков и да е и во каква и да е постапка донесен, е во сила“, пишуваат во соопштението авторите-членови на ЗАМП.

И покрај сите обраќања на меѓународните организации, како и органите и телата на ЗАМП, ниту еден надлежен орган не покажал спремност ниту да одговори или да ги сослуша нивните барања, велат од Здружението.

Забраната ќе се применува од 20.06.2016, па се до нејзиното отповикување.