На плажа во Нов Зеланд загинаа 145 китови

Група од 145 китови загинаа откако беа насукани на брегот на островот Стјуарт, во Нов Зеланд. Животните биле откриени од страна на лице кое се шетало по песокот, расфрлани по плажата Масон Беј.

Властите велат дека половина од китовите веќе биле умрени, а другата половина биле повлечени, но било премногу тешко да ги спасат.

„За жал, можноста за успешно пливање на преостанатите китови беше исклучително ниска”, се вели во соопштението на Регионалниот оддел за конзервација (ДОЦ).

„Оддалечената локација, недостатокот на персоналот во близина и влошената здравствена состојба на китовите значеше дека најхуманото нешто е да се еутанизираат.”

„Сепак, секогаш тоа е одлука што го крши срцето”.

Од Регионалниот оддел соопштија дека насукувањата на китовите на брегот не се невообичаени во Нов Зеланд и дека има околу 85 инциденти годишно. Во повеќето случаи, сепак, се работи за само едно животно пронајдено на плажите, а не за цела плажа со китови.

Не е целосно познато зошто китовите или делфини се наскукуваат на брегот. Можни причини може да бидат болест, навигациски грешки, плимата или бегање од некој предатор.

Исто така, во текот на викендот, 12 китови беа пронајдени заробени во северниот дел на Северниот остров. Четири од нив починале.

Постојат надежи дека преостанатите осум се уште можат да бидат спасени од страна на локалните добротворни организации од каде велат дека планираат повторно да ги пуштат китовите во водата во вторник, барајќи волонтери за да им помогнат. На уште една плажа во Нов Зеланд, во саботата наутро почина 15 метри долг кит.