На Олимпијадата во Токио ќе има тоалети погодни за трансродови лица

Градската влада на Токио ќе постави родово-неутрални јавни тоалети во спортските сали и стадиони кои ги гради за Олимпијадата и Параолимпијадата во 2020 година.

Иако „даредемо тоире“ (тоалетите за секого) кои се отворени и за мажи и за жени, постојат веќе неколку години во Јапонија, досега беа дизајнирани како поголеми простори смислени за во нив да собира луѓе во инвалидски колички.

 

Новиот концепт на унисекс тоалети ќе состои помали простори кои може да соберат две лица, но не и инвалидска количка, извести агенцијата Асахи Шимбун. Преку воведување на тоалети за трансродовите гледачи и луѓе со попреченост, владата се надева дека ќе ги намали редиците за веќе постоечките „даредемо тоире“.

Маки Мураки, управителка на непрофитната ЛГБТ група Ниџиро Диверсити, вели дека се многу задоволни од прифаќањето на духот на инклузивноста од страна на владата.

„Заедно со напорите да го зголемат бројот на јавни тоалети, да се зголеми свесноста на луѓето дека тие што не изгледаат како типичен маж или жена можат да користат тоалет е исто така многу важно“, вели таа.

Најмалку еден тоалет за универзална употреба е планиран за седум од 11-те сали кои се градат од темел.