Пред речиси две години, Инстаграм во својата апликација воведе функција со која корисниците можеа да објавуваат повеќе фотографии одеднаш, а да ги прегледуваат во вид на колаж.
Од некоја причина, Инстаграм ја ограничи оваа функција само на своите огласувачи, но од сега, функцијата е достапна и за сите корисници.
„Веќе не мора да изберете една најдобра фотографија или видео при споделување. Сега може да комбинирате и до десет фотографии и видеа во една објава и да ги прегледате сите заедно“, соопшти компанијата на својот блог.
За да направете колаж, се клика на иконата „photo stack“ и се избираат фотографиите или видеата кои корисникот сака да ги сподели. Може да се менува нивниот редослед, но е дозволен само еден заеднички натпис и ознака на локацијата.
Компанијата соопшти дека во наредните денови опцијата ќе биде достапна за сите корисници на Android и iOS.