На Instagram ќе може да се споделува и музика

Instagram веќе подол период доминира во светот на фотографијата и „селфи“ сликите, но компанијата соопшти дека корисниците отсега ќе можат да споделуваат и музика.

Апликацијата се вика Sounds и е достапна за оперативните системи IOS и Android, а функционира така што кога корисникот ќе најде нешто што го има на апликацијата, ќе може да го сподели на разни друштвени мрежи, вклучувајќи го и Instagram.

Sounds засега е единствената апликација на пазарот што го овозможува ова.

„За разлика од останатите апликации, ние користиме cover art кога споделувате песна. Тоа е најголемата причина поради која корисниците често споделуваат песни“, изјави директорот на компанијата Rhai Goburdhun.

И покрај тоа што Sounds се поврзува со неколку апликации, најчесто се користи на Инстаграм. Споделената музика ќе има ознака на компанијата, а во тек се преговори со голем број музичари.