На фестивалот Гластонбери ќе има настан посветен само на жените

На The Sisterhood, во Шангри-Ла зоната на фестивалот Гластонбери, ќе има музика, работилници и DIY (направи сама) часови за посетителките на фестивалот.

Организаторите ја опишуваат „женската зона“ како „револуционерен клуб отворен за сите луѓе кои се идентификуваат како жени“.

„Сестринството“ ќе биде „интер, квир, транс и достапен за жените со попреченост“, а во него ќе работат само луѓе кои се идентификуваат како жени, од артистите кои ќе настапуваат до обезбедувањето.

„Продуцентите на The Sisterhood веруваат дека простор во кој ќе можат да присуствуваат само жени е потреба во свет кој е се уште управуван и дизајниран да им одговара претежно на мажите. Опресијата врз жените продолжува низ различни манифестации низ светот денес, во различни културолошки контексти“, велат организаторите на настанот.

„Во Обединетото Кралство, половиот јаз во платите, малите средства за жртвите на семејно насилство и правата на сексуалните работнички моментално го потенцираат овој проблем. Sisterhood сака да обезбеди таен простор за жените да се поврзат, да се вмрежат, да ги споделат своите приказни, да се забавуваат и да научат дека најдобар начин е да се поддржуваат во глобалниот напор да се заврши опресијата врз жените и сите маргинализирани луѓе, истовремено покажувајќи ги најдобрите и најхрабрите женски таленти во Велика Британија и подалеку“, додаваат.

Извор: Guardian