На Фејсбук му остануваат уште три години?

Фејсбук се прошири како инфекција, но ние полека стануваме инуни на неговата привлечност, а платформата ќе биде речиси напуштена во 2017 година, велат истражувачите од универзитетот Принстон, објави Гардијан.

Половина од македонските корисници на Фејсбук минуваат повеќе од три часа дневно

Во најцрните предвидувања за Фејбук, истражувачите посочуваат дека би можело оваа социјална мрежа и сосема зазамре.

Мрежата која го слави десетиот роденден на 4 февруари, преживеа подолго од своите ривали како Мајспејс или Бебо, но сепак ќе изгуби 80% од публиката следните три години.

На Фејсбук му остануваат уште три години?

„Идеите, како болестите, се покажало дека се шират како инфенкција пред евентуално да изумрат, и успешно се опишани со епидемиолошките модели“, велат авторите на истражувањето насловено „Епидемиолошко моделирање на динамиката на социјалните мрежи“.

Лани во октомври, Фејсбук пријави 1,2 милијарди активни корисници.