На Фарските Острови во еден ден убиени над 1.400 делфини

На Фарските Острови во еден ден се убиени повеќе од 1.400 делфини, потег што беше осуден и од најтврдокорните бранители на оваа традиционална практика, јавува „Гардијан“.

Пред да бидат убиени, делфините биле насочени кон плитките води на најголемиот фјорд во оваа автономна данска територија и оставени со часови да се вртат во место.

Групата „Си шеперд“ која води кампања за да запре овој традиционален лов од 80-тите години, тврди дека ловот кој се случил пред неколку дена бил најмасовен досега.

Овој пат, обемот на лов бил толку голем, што дури и жителите кои го сметаат ловот како дел од нивното културно наследство, изразиле гадење.

За време на ловот доаѓаат луѓе кои го гледаат ваквиот чин од брегот, а месото од уловот традиционално се дели меѓу семејствата што учествувале во него, додека вишокот потоа се дели меѓу локалните селани.