На факултетите се градат пристапни рампи за лица со хендикеп

На факултетите се градат пристапни рампи за лица со хендикепСо поставување на рампи ќе им се олесни пристапот на лицата со хендикеп кои студираат на Шумарскиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, на факултетот и деканатот и на Природно-математичкиот факултет.
За овој проект универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ издвои околу осум милиони денари (130.000 евра).
Покрај овие четири, рампи ќе бидат поставени и на Архитектонски, Градежен,  Медицински факултет, деканат и факултет, Медицински факултет-судска медицина, Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Педагошки факултет-главен влез и Педагошки факултет. Изградбата на рампите на првите четири факултети, според рокот е предвидено да заврши за четири месеци.