На факултетите 68 отсто професори, 31 процент соработници

Бројот на наставници и соработници на високообразовните установи во академската 2013/2014 година е 3.354, соопшти Државниот завод за статистика.

На факултетите 68 отсто професори, 31 процент соработници

Од вкупниот број, 2.301 се наставници или 68,6 отсто, а 1.053 или 31,4 проценти се соработници во наставата.

Настава на факултетите изведувале 3.259 лица што претставува 97,2 отсто од вкупниот број наставници и соработници, додека на високите стручни школи 95 лица или 2,8 проценти.

Бројот на наставници и соработници – жени во учебната 2013/2014 година изнесува 1.673 лица или 49,9 отсто.