На Фејсбук ќе можат да се пребаруваат сите јавни објави

Фејсбук го дополни својот пребарувач со алатка со која можат да се пребаруваат сите јавни објави направени досега.

Пребарувачот до неодамна беше ограничен на групи, настани и локации, а јавните објави на корисниците многу тешко можеа да се најдат без директно пребарување на профилот на корисниците.

Сега, веб-страницата овозможи да се пребаруваат повеќе од 2 билиони објави, а функцијата за пребарување им овозможува да пребаруваат конретна објава од кој било јавен профил, без оглед на тоа дали сте пријатели со тој профил.

„Кога пребарувате, ќе ги гледате последните и најзначајните јавни објави, заедно со објавите на вашите пријатели. Резултатите од пребарувањето се организирани на начин што ќе ви помогне брзо да дознаете што зборува светот за одредена тема во моментот. Исто така, за мобилните телефони, ќе има и опција „pull-to-refresh“ за да можете да ги видите најновите објави“, напиша Tom Stocky, заменик претседател за пребарување на компанијата во пост на Фејсбук.

Промената е обид на најголемата социјална мрежа да му конкурира на Твитер за јавните настани, област во која Твитер има подобро пребарување и хронолошки фокус.

Извор: Guardian