На Eco Green Festival во Маврово

Викендов голем број посетители пристигнаа во Маврово за да бидат дел од првиот Eco Green Festival. Главната сцена за тридневниот фестивал беше поставена над Мавровското езеро, поточно на игралиштето на село Маврово.

Посетителите имаа можност да ја следат богата музичка програма. Во петокот (16ти август) задолжени за забавата беа Летечки Пекинезери, Леб и Сол, DJ Гоце со LD Pistolero и за крај забава до раните утрински часови со DJ Branchez. Леб и Сол приредија вистинска забава за сите возрасти со нивниот репертоар од последниот албум. Сепак, иако публиката ги очекуваше, не ги слушна нивните најголеми хитови.

На Eco Green Festival во Маврово

Синоќа на сцената излегоа Conquering Lion, Youngsound, Macki, Flooder и многу други, а за крај на вечерта настапи Valentino Kanzyani. Во 2 часот наутро, на свежиот воздух во Маврово одекнаа одлични минимал техно звуци кои и помогнаа на публиката да се загрее на очекувано ниските температури.

За последнито фестивалски ден (18 август) останаа настапите на Дани Димитровска, Shine, Five Fingers, DJ Zomax

На Eco Green Festival во Маврово

Покрај музичката програма, организаторот понуди и повеќе активности како скијање на вода, слетување со параглајдери, падобрански скокови, планинска тура Маврово-Меденица-Маврово до натпревари во влечење на јаже, но и дегустација на традиционални мавровски производи, сувенири и оригинални локални ракотворби. Беше одржана и фестивалска дебата на темата – „Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите“. За најмладите посетители се организираше боење на камења и едукативни работилници за шумските животни во овие предели.

На Eco Green Festival во Маврово

Целата иницијатава за фестивалот потекнува од Еко Маврово, граѓанско здружение кое што конечно ја реализираше идеата за која велат дека ја имале веќе долго време. Како што изјави Ема Темелковска, промотерот на Eco Green Festival, настанот има две цели,  да го промовира мавровскиот регион и да помогне во раззвој на летниот туризам.

Фестивалот официјално трае 3 дена,  додека четвртиот ден е целосно посветен на екологијата и чистењето, потпомогнато од самите камперите.

На Eco Green Festival во Маврово

Иако очекувале повеќе посетители, како за прв фестивал, организаторите посочија дека се задоволни од интересот. Посетители имаше од сите возрасти, а кампери освен од Македонија, пристигнаа и од Словенија.

Николај Митрески