На Балканот на интернет најмногу се читаат вести

Македонските и српските граѓани, споредено со четирите држави  од Јадранскиот регион,  интернетот најмногу го  користат за следење дневни вести, потоа за прегледување на социјалните мрежи и за употреба на електронските пошти.

На Балканот на интернет најмногу се читаат вести

Ова се посочува во резултатите од истражувањето за употребата на интернетот, кое го спровел Институтот за истражување на пазарот и медиумите Медиана.

Според анализата, во Хрватска и во Словенија интернетот исто така најмногу се употребува за следење дневни вести, но на второ место е употребата на електронската пошта, а на трето место следење  временска прогноза.

Во сите држави најмногу се следат интернет страниците на дневните весници, по што следат слушањето радио и гледањето телевизија.  Инаку интернет најмногу се користи во Словенија (78 проценти). Хрватска е на второ место со 67 проценти, по што следат Македонија и Србија со  63 проценти.

Извор: Business.hr, Фактор.мк