На Арктикот се стопија две санти мраз стари 5.000 години

Нови сателитски снимки на НАСА покажуваат како две големи санти мраз во канадскиот залив Свети Патрик во потполност исчезнале, пренесува српска „Нова“.

Поголемата санта имала површина од 3 квадратни милји, додека помалата имала површина од 1.1 милја. Тие се намалувале од 1959 година поради глобалното затоплување.

Научниците проценија дека сантите се формирани пред околу 5.000 години и дека во периодот од 16 до 19 век, познат како „мала ледена доба“ биле значително поголеми.

Од 2015 година двете санти почнале забрзано да се топат, па извесно било дека тие ќе исчезнат во блиска иднина, но, Марк Сиризи од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој е сè уште изненаден што исчезнале многу побрзо од колку што очекувале.

„Едноставно, на Земјата е премногу топло“, рекол Сиризи и додал дека исчезнувањето на двете санти од заливот претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.