На Антарктикот се измерени рекордни 18, 3 степени

Светската метеоролошка организација (WMO) известила дека на истражувачката станица на Антарктикот во четвртокот била измерена температура од 18, 3 степени Целзиусови, што е најтоплата температура измерена на тој континент.

Според изјавата на портпаролката на „WMO“, Клер Нулис, досегашниот рекорд на Антарктикот се 17,5 степени измерени во 2016 година.

Колку и да звучи неверојатно, податоците покажуваат дека во четвртокот, температурата на Антарктикот била иста како температурата во Сан Диего (Калифорнија), а од „WMO“ велат дека воопшто не е утешителен фактот дека моментално, на Јужната хемисфера е лето.

Според податоците од „WMO“, Антарктикот најбрзо се загрева за разлика од сите делови на Земјата, а во изминатите три години, просечната температура на континентот е зголемена за 3 степени.

„Количината на мраз кој се топи на Антарктикот е зголемена за шест пати помеѓу 1979 и 2017 година, а топењето на сантите значи дека имаме големи проблеми со подигањето на нивото на морињата“ – истакнала Нулис.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека поради глобалното затоплување се топат ледените плочи на Јужниот пол што ќе доведе до катастрофи бидејќи нивото на морињата би се зголемило за најмалку три метри.

Извор: N1 Info