На 4 април Саем за високо образование во САД организиран во Македонија

Саем за Високо образование во САД организиран во Македонија оваа година ќе се одржи во Скопје, во NOVA International Schools, на 4-ти април, од 17 до 20 часот.

Од EducationUSA Македонија и Амбасадата на САД во Македонија потенцираат дека  претставници на 9 американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина како дел од Југоисточно Европската EducationUSA тура, која се организира по четврти пат после успехот во 2014 кога турата привлече над 2.000 посетители.

„Овој саем претставува можност да се запознаете со претставниците на високообразовните институции и да ги поставите сите ваши прашања поврзани со прием на интернационални студенти и понудените академски програми за додипломски и постдипломски студии како и за можностите за стипендии и финансиска помош“, стои во најавата за саемот.

Повеќе информации за регистрација на овој саем може да се најде ТУКА.

Учеството на саемот е бесплатно, но регистрацијата е потребна поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти како и за увид за бројот и интересите на заинтересираните посетители.

На саемот во Скопје оваа година ќе се претстават: American University in Bulgaria, Foothill and De Anza Colleges, Central Penn College, University of Colorado Boulder, Fairleigh Dickinson University, Minerva Schools at KGI, University of Redlands, Savannah Collage of Art and Design и Virginia Tech.

EducationUSA претставува мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави во светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање помеѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држава“, се вели во најавата за настанот.