На 30 септември ќе се одржи консултативен референдум за името

Со 68 гласови „за“ и без „против“ и „воздржан“ Собранието одлучи дека на 30 септември 2018 ќе се одржи референдум за името.

Референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни на гласањето, a предлогот за распишување референдум ја доби поддршката од останатите пратеници.

Организирањето на референдумот ќе чини околу 3,4 милиони евра, кои ќе бидат покриени од државниот буџет. За да биде успешен, на референдумот ќе треба да излезат најмалку половина плус еден од вкупниот број запишани гласачи во Избирачкиот список (околу 900 илјади граѓани), а мнозинството од нив треба да гласаат „за“.