На 180 илјади грчки студенти им се заканува отпишување од универзитетите

Грчкото Министерство за образование им даде ултиматум на 180 илјади „вечни студенти“ во Грција до јуни да го завршат школувањето, бидејќи од новата академска година универзитетите во земјата се задолжени да ги отпишат од своите регистри.

На 180 илјади грчки студенти им се заканува отпишување од универзитетите

Новиот закон предвидува дека оние што се запишале на факултетите пред 2006 година и досега не ги положиле испитите, ќе треба да го напуштат студирањето.

Универзитетското раководство смета во моментов има многу повеќе студенти, кои посетуваат предавања, отколку студентите кои добиваат дипломи.