На 12-ти април во МНТ отварање на 10. издание на Танц-фест

Со претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар на 12 април на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе биде отворен 10.Танц-фест чие мото годинава е „Вкусот на танцот“.

На 12-ти април во МНТ отварање на 10. издание на Танц-фест

Одлучивме годинава да дадеме предност на македонската современа танцова сцена, рече денеска на прес-конференција уметничкиот директор на Танц-фест Рисима Рисимкин, која истакна дека јубилејното издание го почнуваат со македонска компанија, тоа е Скопје танцовиот театар, пренесе МИА.

На 12 април ќе се претстават пет кореографи меѓу кои тројца дебитанти, потоа Матеа Киселичка која минатата година дебитираше како кореограф и доби одлични критики и на крајот ќе финишираме со кореографијата на Џенис Бренар, специјална гостинка од Њујорк.

На 13 април во дансинг салата во МКЦ, Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“, а на 14 април првпат во Македонија во дансинг салата во МКЦ ќе се одржи Меѓународен натпревар за млади кореографи.

– Размислувавме каде треба да се движи Фестивалот по 10 години и сметавме дека треба да се направи нешто со кое ќе се одбележи 10-годишнината и воедно ќе даде нови хоризонти за понатаму. Веќе на првата година имаме кореографи кои се пријавија од Европа и тоа ќе овозможи на тие кои ќе дојдат во Македонија, но и на македонскиот кадар да може да се натпреварува и да провери каде е со сето она што надвор се случува, рече Рисимкин.

Потенцира дека пет од избраните кореографи на натпреварот ќе продолжат на 15 април во големото финале каде ќе бидат доделени награди.

На 16 април на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе настапат танчери од Ротердам танцовата академија со „Таленти во движење“. На 22 април Танц-фест продолжува во Битола, каде ќе биде прикажана претставата „Импулс“, а на 24 април ќе настапи Балетот од Косово до „Градина на душите“. На 23 април на сцената Зебра танчери од Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“.

На големата сцена на МНТ, на 25 април Интроденс од Холандија ќе настапи со програмата насловена „Суперстарс“.

Претседателот на жирито на Танц-фест е Самоил Вуерстон, директор на Холанденс фестивалот, а членови се Каролин Дадики од Њујорк, Михаела Виеру од Германија…

Во претпрограмата на Танц-фест на 7-ми, 8-ми и 9 април се одржаа проекции на експериментални филмови во МКЦ.