На 11 и 12 август се очекува да заврне најголемиот метеорски дожд

Стотици метеори се очекува да се појават на небото создавајќи прекрасно природно огнометско шоу, кое ќе може да се погледне на неколку локации низ светот. Според астрономите, годинава ќе има двапати повеќе метеори од обично, бидејќи Земјата минува низ остатоци на комета.

Тоа се делови од мраз и прашина, кои можат да бидат мали како зрно песок или големи колку грашок.

Персеидите се појавуваат секогаш кога Свифт – Татл минува близу до Земјата, а последен пат кога се случило тоа е во 1992 година. Метеорите доаѓаат од гледна точка во соѕвездието Персеј, па оттука и името Персеид.

Тие ја удираат атмосферата со брзина од 134 000 милји на час, но не претставуваат опасност за Земјата.

Ѕвезденото шоу се очекува да се појави на 11 и 12 август, но ќе може да се гледа секоја ноќ оваа недела. За разлика од останатите космички настани, на набљудувачите не им е потребна посебна технологија за да го гледаат метеорскиот дожд. За подобра глетка, се препорачува отворен простор настрана од високи згради и дрвја, со што помалку светлина.