МЗ: Вклучете се во меѓународното истражување за Kовид-19 и менталното здравје

Министерството за здравство ги повика граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување поврзано со Ковид-19 и менталното здравје.

Станува збор за истражување чиј координатор е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“, кое освен во Северна Македонија, се спроведува во повеќе европски земји.

„Оваа студија се спроведува со цел процена на влијанието на пандемијата Kовид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони“, информираат од Министерството за здравство.

Истражувањето ќе го координираат од Универзитетската клиника за психијатрија-Скопје.

Учеството во истражувањето е со пополнување на онлајн-анкета, достапна на следниот ЛИНК.