МЗ: Шест починати, 183 новозаразени и 1.731 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени 183 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 85 случаи во Скопје, 13 во Кавадарци, по десет во Тетово и Охрид, седум во Прилеп, по шест во Куманово, Гостивар, Гевгелија и Ресен, пет во Струга, по четири во Велес и Неготино, по три во Штип и Струмица, по два во Кочани, Радовиш, Пробиштип и Богданци и по еден случај е регистриран во Битола, Кичево, Свети Николе, Дебар, Делчево, Кратово и Дојран.

Од МЗ информираа дека во изминатото деноноќие починале шест пациенти, односно, еден од Скопје на 90 години, еден од Куманово на 51 година, еден од Прилеп на 77 години, еден од Гостивар на 71 година и двајца од Охрид на 72 и 45 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.731 оздравени пациенти, односно, од Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и од Дојран-2.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.466 тестови.