МЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 6 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.028 тестирања.

По 2 нови случаи се забележани во Скопје, Битола и Кичево, а починати и оздравени нема.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.

Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.