МЗ: Регистрирани 98 случаи на Ковид-19, оздравени се 56, а починати 2 лица

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19 низ земјава.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2.

Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791,  бројката на оздравени пациенти е 13.184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959“, велат од министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се  5 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на Ковид-19.