МЗ: Пет лица починати и 164 нови случаи на Ковид-19

Пет лица починале, а 164 нови случаи се регистрирани со Ковид-19 во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство.

Тројца од починатите биле пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден од Ресен.

Од новозаразените, пак, најголеми број доаѓаат од Скопје (59), Свети Николе (23), Дебар (18), Штип (17), Куманово (12), Гостивар (9), Тетово, Кичево и Струга по 6, во Кавадарци и Пробиштип по двајца, додека во Прилеп, Битола, Демир Хисар и Ресен има по 1 нов заболен.

На Институтот за јавно здравје, пак, денеска биле регистрирани 74 оздравени лица.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.

Во последното деноноќие биле тестирани 1612 граѓани, со што вкупно во државата се направени вкупно 83216 тестирања на Ковид -19.

Денеска, како што информираат од МЗ нема тестирања во рамките на скринингот.