МЗ: Оздравени се 126 пациенти, потврдени 19 нови случи на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од Ковид-19.

Во Куманово се 72, Скопје – 22, во Струга – 19, Велес – 6, Гевгелија – 3, а по еден во Штип, Охрид, Кавадарци и Крива Паланка.

„Во ГОБ ‘8 септември’ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба“, соопштува министерството.

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 низ земјава. Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата држава изнесува 1.386, а направени се вкупно 15.120 тестирања.

„На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни. Во ГОБ ‘8 септември’, примени се 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7“, велат од министерството.

Понатаму, во Болницата во Битола  се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа  состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и, според министерството, нивната состојба е стабилна.