МЗ: Нови 85 случаи на Ковид 19, четири лица починати, а оздравени 42 пациенти во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 85 нови случаи на Ковид-19, починале четворица пациенти, а оздравеле 42 лица.

,,Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови”, информираат од МЗ.

Новите случаи, пак, се регистрирани во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839,  бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.

,,На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19″, велат од МЗ.

Во изминатите 24 часа биле направени вкупно 1188 теста, со што досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, посочуваат од министерството.