МЗ: Деветмина починати и 51 нов случај на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале девет лица, односно, тројца пациенти од Прилеп, по двајца пациенти од Скопје и Тетово и по еден пациент од Куманово и Охрид. Починатите лица се на возраст од 54 до 87 години.

Од МЗ исто така соопштуваат дека во изминатото деноноќие е регистриран 51 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 25 случаи во Скопје, девет во Прилеп, седум во Кавадарци, по два во Струмица и Струга и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево.

„Регистрирани се 308 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и од Дојран – 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 755 тестови.