МЗ: Девет починати и 394 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале девет лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 74 и 82 години, двајца од Кичево на 61 и 70 години, еден од Ресен на 77 години, еден пациент од Битола на 87 години, еден од Виница на 57 години, еден пациент од Охрид на 79 години и еден пациент од Прилеп на 65 години. Осум од пациентите се починати во болнички, а еден пациент во домашни услови.

Од МЗ исто така соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 394 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 190 случаи во Скопје, 29 во Кавадарци, 19 во Велес, 16 во Делчево, 14 во Куманово, по 12 во Охрид и Дебар, 11 во Гостивар и по седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Прилеп, Штип, Битола, Берово и Демир Капија.

Потоа, шест случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кичево, по пет случаи во Тетово, Струмица и Гевгелија, по четири случаи во Свети Николе, Неготино, Виница, по три случаи се регистрирани во Струга, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Крушево и по два случаи се регистрирани во Ресен, Пробиштип, Кратово и Пехчево.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 255, Куманово – 21, Тетово – 15, Струмица – 15, Велес – 14, Ресен – 12, Битола – 11, Дебар – 8, Гостивар – 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Кичево – 3, Демир Хисар – 3, Делчево – 2, Охрид – 2, Гевгелија – 2, Свети Николе – 2, Кочани – 2, Богданци – 2, Берово – 1 и од Валандово – 1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјаvа се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид-19, а во изминатово деноноќие се направени 2.236 тестови.