МЗ: Десетмина починати и 449 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале десет лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 83, 79 и 65 години и по еден од Тетово на 72 години, еден од Куманово на 71 година. еден од Прилеп на 79 години, еден од Велес 84 години, еден од Охрид на 58 години, еден од Кавадарци на 65 години и еден од Делчево на 75 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 449 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 170 случаи во Скопје, 55 во Прилеп, 35 во Кавадарци, 23 во Гевгелија, 19 во Тетово, по 17 од Охрид и Куманово, по 16 во Битола и Неготино, десет во Велес и осум
во Струга.

Потоа, по седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица и Ресен, шест во Гостивар, по пет во Штип, Делчево и Богданци, по четири во Крива Паланка, Берово и Кратово, по три во Пробиштип и Демир Капија, по два во Кичево, Дебар, Валандово и Крушево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Кочани и Радовиш.

Регистрирани се 227 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, и по 1 од Виница, Дојран и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.283 тестови.