МЗ: Десет починати и 302 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале десет лица, односно, починати се пет лица од Скопје на 83, 75, 82, 70 и 47 години, еден од Струмица на 67 години, еден од Струга на 55 години, еден од Прилеп на 61 година, еден од Охрид на 85 години и еден од Гостивар на 51 година. Девет од пациентите се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 302 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 165 случаи во Скопје, 14 во Велес, 13 во Куманово, по 12 во Охрид и Куманово, 11 во Тетово, осум во Дебар, по шест во Струмица, Радовиш, Делчево и Гостивар, по пет во Штип, Прилеп и Битола, четири во Демир Капија, по три во Струга, Свети Николе, Кочани и Гевгелија, по два во Неготино, Крива Паланка, Кратово, Кичево и Дојран и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Ресен и Берово.

Регистрирани се 444 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 219, Тетово – 37, ,Гостивар – 26, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 16, Штип – 14, Велес – 14, Неготино – 13, Прилеп – 10, Гевгелија – 8, Берово – 6, Битола – 5, Делчево – 5, Кочани – 4, Крушево – 4, Свети Николе -3, Македонска Каменица -3, Охрид -2, Дебар -2 , Крива Паланка – 2, Виница – 2, Демир Капија -2, Струга -1, Кичево -1, Радовиш -1 , Македонски Брод – 1, Богданци – 1 и од Дојран – 1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.024 тестови.