МЗ: Денеска се регистрирани 180 нови случаи на Ковид-19, починати се 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 180 нови случаи на Ковид-19, при направени 1.814 тестирања. Починале 13 лица, а 206 пациенти оздравеле.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.

Од 13-те починати лица, шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември.

Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.