МЗ: 726 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 726 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 367 случаи во Скопје, 53 во Прилеп, 34 во Куманово, 29 во Неготино, 26 во Кавадарци, 25 во Битола, 23 во Охрид, 21 во Крива Паланка, 18 во Велес, 17 во Тетово, 14 во Гевгелија, 12 во Гостивар, десет во Кочани и по девет случаи во Штип и Струга.

Потоа, осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Пробиштип, седум во Демир Капија, по пет во Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар, четири случаи во Кичево, по три во Свети Николе и Ресен, по два во Делчево, Виница, Валандово и Богданци и еден случај во Македонски Брод.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се пријавени седум починати лица, односно, двајца од Скопје на 77 и 74 години, двајца од Кичево на 71 и 51 година и по еден од Битола на 72 години, од Неготино на 67 години и од Кавадарци на 64 години. Од починатите, шест пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во болнички услови.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, и по 1 од Богданци и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.144 тестови.