МЗ: 687 нови случаи на КОВИД-19, оздравени 1.347, а починати 46 лица

Министерството за здравство (МЗ) информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања со регистрирани 687 нови случаи на КОВИД-19.

Истовремено, регистрирани се 1.347 оздравени пациенти, а пријавени вкупно 46 починати лица.

Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, 3 лица во домашни услови.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836“, соопштуваат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19, додека во изминатото деновоќие – 3.050 тестови.