МЗ: 63 нови случаи на Ковид-19, починале 6 лица, а оздравени се 573 пациенти во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа регистрирани се 63 нови случаи на Ковид-19, при направени 677 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.

Институтот за јавно здравје, пак, регистрира 573 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа починале 6 лица, од кои двајца биле пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид -19, соопштуваат од МЗ.